„Ла Лига“: Барди со Меси и Бензема во тимот на месецот! (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во минатиот месец имаше многу добри игри во дресот на Леванте во најсилното шпанско првенство.

На 20 јуни во рамките од 30 коло придонесе со погодок во гостинската победа над Еспањол (1:3).

А на 28 јуни во 32 коло еднаш се запиша во листата на стрелците во домашниот триумф против Бетис (4:2).

Ваквата статистика го смести нашиот играчи во тимот на месецот (во изборот на whoscored.com) со оценка 7,39, во друштво на големи имиња како Меси, Бензема, Рамос, Алба…

Од враќањето на терените после паузата поради пандемијата на Ковид-19, Леванте од шест мечеви има само еден пораз и успешно ја води борбата за опстанок, односно моментно е на 12 позиција.

Во продолжение погледнете кои 11 играчи заслужено се наоѓаат во тимот на месецот во „Ла Лига“:

фото: whoscored.com

Голман: Д. Лопез, Еспањол (7,17)

Одбрана: К. Вазкез, Селта Виго (7,07), С. Рамос, Реал Мадрид (7,49), К. Ленгле, Барселона (7,28), Ж. Алба, Барселона (7,30)

Среден ред: М. Ел Хадади, Севиља (7,39), Рафиња, Селта Виго (7,59), С. Њигез, Атлетико Мадрид (7,62), Е. Барди, Леванте (7,39)

Напад: Л. Меси, Барселона (9,01), К. Бензема, Реал Мадрид (7,94)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот