„Л’Екип“: Вечер на срамот во Белград

фото: Л'Екип

Угледниот весник „Л’Екип“ направи разговор со Едвин Џексон, францускиот кошаркар, кој беше дел од екипата на Будуќност во финалната серија.
Навивачите на Црвена звезда, на загревањето на екипите, влетаа на теренот и се обидоа физички да се пресметаат со кошаркарите на Будуќност. Потоа гостинските кошаркари се повлекоа во соблекувалната, а натпреварот започна со еден час задоцнување. Црвена звезда го искористи претрпениот шок на противничките кошаркари и на крајот славеше со 43 поени разлика (97:54) и ја освои титулата во АБА лигата.

– Беше многу тензично при самото влегување во салата и тоа е вообичаено за неколку арени на Балканот. Атмосферата знае да биде вжештена, се слушаат навреди но тоа што ни се случи на нас, е надвор од нормалното. Додека излегувавме од соблекувалната, не гаѓаа со метални парички и запалки и нема играч кој не беше погоден. На загревањето, на паркетот влетаа десетина навивачи, а еден од нив мавташе со столица, а обезбедувањето го немаше никаде – ги опишува Џексон, случувањата од мајсторката.

– Бевме плукани на секое изведување на топката во игра. Не плукаа во глава, по вратот, по дресот, а во еден момент видов дека полета кон нас и цигла. Ми беше страв, а моите соиграчи од Црна Гора беа посмирени. Тоа што ни го приредија навивачите нема ништо со спортот и навистина не знам зошто не беше прекинат натпреварот – додава Џексон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот