ВИДЕО | КЗБ одлучи: Почнува вакцинација со четврта доза против ковид-19

Вакцинација Борис Трајковски ковид-19
Вакционален пункт СЦ „Борис Трајковски“ /Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против Ковид-19. Четврта доза може да примат лицата над 18 – годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денеска можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата со четврта доза, како што посочуваат од Министерството, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер” или „Модерна”. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид-19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, информираат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот