Квитова рутински на „Ролан Гарос“, Циципас го елиминираше Димитров

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Во женска конкуренција чешката тенисерка Петра Квитова успеа да ја елиминира Жанг Шуаи од Кина во осминафиналето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“.

На мечот во Париз (Франција) кој траеше еден час и 19 минути, Квитова го доби првиот сет со 6:2, а вториот со 6:4.

Од почетокот на турнирот, Чехинката не загуби ниту еден сет. Според остварените резултати во францускиот главен град, Квитова ќе се врати во Топ 10 на ВТА ранг листата.

Ова е нејзин втор пласман во четвртфиналето на парискиот Грен слем. Таа стигна до оваа фаза во 2012 година. За пласман во полуфиналето, Квитова ќе ги одмери силите со Лора Зигемунд од Германија која беше подобра од Паула Бадоса Гиберт од Шпанија.

Кај мажите рускиот натпреварувач Андреј Рублев со 3:1 во сетови 6:7 (4), 7:5, 6:4 и 7:6 (3) го совлада Унгарецот Мартон Фучович.

Рублев за пласман во полуфиналето ќе игра против Гркот Стефанос Циципас кој триумфираше над Григор Димитров од Бугарија со 6:3, 7:6 (9) и 6:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот