Квим Тора ќе распише предвремени парламентарни избори во Каталонија

Фото: ЕПА

Премиерот на Каталонија Квим Тора денеска изјави дека планира да распише предвремени парламентарни избори во шпанската покраина.

Тој додаде дека изборите ќе бидат распишани откако регионалниот парламент ќе го усвои буџетот на Каталонија за оваа година, но не прецизираше датум.

Мандатот на актуелната каталонска Влада истекува во 2021 година, но покраинскиот Парламент во понеделникот му го одзеде пратеничкиот мандат на Тора, затоа што ги игнорирал строгите правила на Шпанија за изборна пропаганда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот