Квартараро ја освои пол-позицијата во Тајланд

twitter.com/SportsbettingEn

Квартараро ја освои својата четврта пол-позиција оваа сезона во Мото ГП шампионатот. И покрај тоа што падна во неговиот последен круг, францускиот мотоциклуст заврши на врвот на квалификациите со рекорден брз круг во Тајланд.

Водечкиот во генералниот пласман Марк Маркез и ветеранот Валентино Роси паднаа на истото место од патеката – кривината број 5.

Зад Квартараро од втората позиција на стартот во недела ќе се најде уште еден пилот на Јамаха – Маверик Винаљес. Трет ќе биде Маркез, следен со друга машина Јамаха – онаа на Франко Морбидели.

Следуваат тројца пилоти со Дукати – Данило Петручи, Џек Милер и Андреа Довициозо, потоа Жоан Мир со Сузуки го обезбеди осмото место, а Роси ќе стартува дури од деветтата позиција поради падот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот