Кварт во Пекинг ги поттикнува жителите на вакцинација со купони за попуст

Пекинг, Кина/ Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Пекиншкиот кварт Даксинг со 1,8 милиони луѓе, денеска со кампања со која се предвидува доделување купон со попусти за оние кои ќе се согласат да се вакцинираат против ковид-19.

– Вредноста на купоните се движи од 8 јуани (1,23 долари) до 30 јуани во зависност од различните услови и може да се користат во супермаркетите во Даксинг, соопштиja властите.

Попусти во вредност од над 200 милиони јуани (30,7 милиони долари) ќе бидат дистрибуирани преку купоните, објави „Пекинг дејли”, официјалниот весник на властите на комунистичката партија во градот.

Но, на социјалните мрежи се повеќе се изразува загриженост дека токму  на тој начин се намалува довербата во вакцините.

Повеќе од 73 отсто од луѓето во Даксинг на возраст од над 18 години примиле барем една доза од вакцина против ковид-19, објави „Пекинг дејли“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот