Квалитетот на туристичката понуда ќе се зголемува преку работилници

Неделава се одржуваат пет едукативни работилници за туристичките чинители во Република Северна Македонија чија што основна цел е да се зголеми нивото на едуцираност на туристичките работници во земјава што ќе резултира со поквалитетна туристичка понуда и зголемен број на туристи во земјава.

Ова беше потенцирано на денешната прес-конференција по повод одржувањето на работилниците од проектот „Сеопфатна промоција и едукација на туристичките чинители како и поставување на платформа преку онлајн, и печатен медиум за презентирање на туристичките потенцијали на нашата земја“ е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран од ЕУ, админстриран од Светска Банка, а е во реализација на Џебен водич, Скопје (In your pocket).

„Во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност поддржавме 50-тина проекти и еден од нив е проектот на Џебен водич кој што произлезе од двата проблеми кои ги идентификувавме во македонската туристичка понуда: недоволна едукација на чинителите во оваа дејност и недоволната промоција на туристичаката понуда. Веруваме дека со овој проект ќе се надминат овие ограничувања“, изјави Г-ѓа Антонија Шишак, директор на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) .

“Во тек е втората од вкупно пет специјално дизајнирани работилници што се одржуваат ширум земјава за едукација на сите туристичките чинители и институции со цел да се подобрат нивните услуги и производи. Работилниците се базирани на основа на практични примери и реални сознанија за потребите на современиот турист со цел да се зголемат вештините и конкурентноста на чинителите во туризмот како што се хотели, ресторани, музеи, општини и други. Вториот сегмент на нашиот проект со цел подобрување ограничениот онлајн маркетинг и комуникации за туристичка промоција во нашата земја, го таргетираме веб страница, Фејсбук и Инстаграм профил а во тек е изработката на професионален печатен водич “The best of North Macedonia” во 15.000 примероци. На сопствен и интересен начин преку дигиталниот маркетинг и принтаниот водич ќе ги информираме туристите за најатрактивните локации кои би можеле да се посетат, изјави Г-ѓа Снежана Стефановска, проектен координатор на проектот.

Г-дин Нико Славниќ, консултант на овој проект и Директор на туристичкиот водич In Your Pocket, кој покрива 250 дестинации во 33 земји во оваа прилика истакна: „Само со меѓународна соработка може да се подигне препознатливоста на помалку познати туристички дестинации, како што е Северна Македонија. Работилниците ги водат одлични предавачи од САД, Словенија и Македонија, со богато меѓународно искуство во областа на туризмот и маркетингот. Ова е одлична шанса туристичките работници во земјатата да учат од најдобрите“, изјави Славниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот