Квалитетен рап на повидок: Кендрик Ламар со нов студиски албум во мај

Кендрик Ламар
Кендрик Ламар / Фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Раперот Кендрик Ламар го најави своето враќање на музичката сцена, објавувајќи го датумот за неговиот долгоочекуван петти студиски албум, објави „CNN“.

По неговиот последен студиски албум „Damn“, за којшто ја доби Пулицеровата награда за музика, американскиот рапер сподели дека неговото ново остварување на музички план е наречено „Mr. Morale & The Big Steppers“ и дека излегува на 13 мај.

Минатата година, Кендрик Ламар ја извести јавноста дека ќе ја напушти издавачкатa куќа „Top Dawg Entertainment“, која ги издаде сите негови претходни албуми. „Mr. Morale & The Big Steppers“ ќе биде последен албум на Кендрик Ламар кој ќе го издаде „TDE“.

„Додека го продуцирам својот последен албум за издавачката куќа ‘Top Dawg Entertainment’, јас чувствувам среќа што бев дел од неа во последните 17 години“, напиша Ламар во таа прилика.

„Детето од Комптон“ важи за еден од најдобрите рапери на сите времиња поради неговите стихови кои се занимаваат со расизмот, насилството и социјалната неправда и препознатливата нишка на џез.

Дилерот на Мек Милер осуден на речиси 11 години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот