15 C
Скопје

Квалификации за СП: Црногорките ќе играат на ракометниот Мундијал

Женската ракометна репрезентација на Црна Гора славеше и во реваншот од бараж двомечот со Белорусија за пласман на Светскотко првенство кое кон крајот на годинава ќе се одржи во Шпанија.
Црногорките во реваншот со Белорусија славеа со 26:24 и тоа на гости и со вкупен резултат 55:47 славеа во баражот и обезбедија пласман на Мундијалот. Најпрецизна во редовите на Црна Гора беше поранешната вардарка, Јованка Радичевиќ со седум постигнати голови.

Пласман на СП и тоа по пауза од 12 години обезбеди и селекцијата на Австрија откако во баражот беше поуспешна од Полска. Откако првиот натпревар заврши без победник 29:29, вечерва австијките славеа на гости со 26:29 и обезбедија пласман на Мундијалот во Шпанија.
Фреј беше најпрецизна на натпреварот со десет голови и е најзаслужна за големата победа.
Пласман на СП во Шпанија обезбедија уште и селекциите на Германија која беше поуспешна од Португалија со 34:23 (32:27 прв натпревар), Русија која ја совлада Турција со 45:24 (35:23) како и Чешка која беше поуспешна од Швајцарија со 28:22 (27:27).

Поврзани вести

ВИДЕО: ВАР драма во Мадрид, Реал никако да го престигне Атлетико!

Слободен печат

ВИДЕО: „Гранде Милан“, Јувентус демолиран во Торино!

Слободен печат

ВИДЕО: Адеми и Ристовски со „петарда“ до шампионскиот трофеј во Хрватска

Слободен печат

ВИДЕО: Втора титула за Зверев на Мастерс турнирот во Мадрид!

Слободен печат

Начевски: Запрепастен сум, да бидам жртва на еднострана изјава на Бајрамоска без соочување и сведоци??

Слободен печат

ВИДЕО: Тричковски во голгетерска форма го очекува Европското првенство!

Слободен печат

Остави Коментар