Квалификации за ЕП: Ракометарките поразени од Шведска!

фото: РФМ

Денеска во првото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година на гостувањето во Никопинг убедлив пораз на македонската женска сениорска ракометна репрезентација од Шведска со 35:26.

Во ниту еден дел од мечот не успеавме да поведеме, но барем во првите 15 минути бевме блиску резултатски, трипати израмнувавме. При нивно водство од 10:8, Швеѓанките направија серија од 5:1 и после погодокот на Робертс во 23 минута се одвоија на 15:9 и тука почна да расте нивната позитива. После првото полувреме избраничките на Симовски имаа негатива од 20:13.

Во вториот дел предноста на Шведска стана и „двоцифрена“ (30:20), а при 35:22 успеавме во финишот со четири гола во низа барем да го ублажиме првиот поразот во евро квалификацискиот циклус.

Кај победникот доминираше Мелиса Петрен со седум голови, а во нашите редови пет голови запиша Сара Ристовска, по четири Симона Стојановска и Елена Ливриниќ.

Во квалификациската група 5, веќе е комплетирана стартната рунда, во текот на вчерашниот ден Чешка исто така беше убедлива дома против Португалија со 31:20. Токму в сабота во СЦ „Борис Трајковски“, нашите најдобри ракометари од 18.00 часот ќе ги одмерат силите против чешката селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот