Квалификации за ЕП: Натпревар на одлука за кошаркарите

фото: fiba.basketball

Селекторот Александар Тодоров за одлучувачкиот натпревар против Естонија ќе смета и на повредениот Ненад Димитријевиќ.

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска (15 ч.) против Естонија го игра најважниот натпревар во последните неколку години. Влогот од денешната средба на квалификацискиот турнир во Перм, Русија, е пласман на Европското првенство кое ќе се игра идната година.
По вчерашната победа над Италија и поразот на Естонија од Русија, избраниците на селекторот Александар Тодоров добија можност денеска сами да одлучуваат за својата судбина.

За пласман на Евробаскетот потребна е победа од девет или повеќе поени и тоа поради поразот од 72:81 на стартот од квалификациите. Поради тоа, селекторот Тодоров одлучи да не го менува тимот кој ја совлада Италија иако на тој дуел се повреди Ненад Димитријевиќ. Одличниот кошаркар во финишот од натпреварот заработи повреда на коленото, но во нашата репрезентација се надеваат дека Димитријевиќ ќе може да им помогне на соиграчите и да се победи Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот