Квалификации за ЕП: Фудбалерките поразени и од Австрија

ffm.mk

Денеска во четвртиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година на Националната арена „Тодор Проески“ загубија сениорките од Австрија со резултат 0:3 (0:2).

Австријките поведоа од пенал преку Била во 35. минута од средбата, а непосредно пред паузата зголемија благодарение на погодокот на Задразил.

Конечниот епилог го поставија противничките во 78. минута преку Дунст после асистенцијата на Пунтигам.

На табелата во групата „Г“ води Австрија со максимални девет бодови, а четвртопласирана е Македонија со три.

Тоа беше последниот меч годинава за избраничките на селекторот Изов кои квалификацискиот циклус ќе го продолжат на 6 март 2020 година на гостувањето кај Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот