Квалификации ЕП: Македонија без Манасков против Швајцарија!

фото: ehf-euro/Uros Hocevar/kolektiffimages

Најдобрата македонска репрезентација в сабота ќе брка триумф во Цуг пртоив Швајцарија без нашето лево крило Дејан Манасков.

Играчот на Веспрем не отпатува во Швајцарија поради немањето можност да направи тест на коронавирус кој му е неопходен за враќање во својот унгарски клуб.

А Унгарците од тој аспект имаат строг протокол, па доколку нашиот репрезентативец нема ПЦР тест ќе мора да биде 14 дена во карантин, а тоа секако не му одговара на Веспрем.

Па така, Манасков ќе остане во Скопје да направи тест и се врати безбедно во Унгарија.

Брестовац сега на позицијата ќе има само едно лево крило, Бојан Маџовски кој настапи против Финците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот