Квалификации за СК 2023: Штета, испуштивме убава шанса за „брејк“ во Киев

украина македонија крстевски
Бојан Крстевски беше нашиот најефикасен стрелец на дуелот против Украинците/Фото: kfsm.mk

После високиот пораз во Скопје од Шпанија на стартот од квалификациите за пласман на Светскиот куп 2023, денеска македонската сениорска репрезентација загуби и во Киев од селекцијата на Украина со 78:61.

По одличното, пред сè, дефанзивно одиграно прво полувреме и водство за избраниците на селекторот Драган Бајиќ (34:30), „паднавме“ во второто, особено во последните 10 минути, а тоа го искористија домаќините за освојување на важни бодови.

Имавме одличен дефанзивен почеток имавме во Киев, не му дозволивме на домаќинот да влезе во некој офанзивен елемент. Напротив, ги приморавме Украинците во девет минути да имаат само 11 реализации. Ние имавме 17, за сосема солидна предност од 17:11 која со тројка во последниот напад од четвртината ја намали Липовиј (17:14).

украина македонија 3
Во текот на мечот во Киев Македонија имаше и плус осум позитива/Фото: kfsm.mk

Продолживме добро во одбраната и во вториот период од играта. Не им дадовме „лесни поени“ на домашните кошаркари. По тројката на капитенот Крстевски, водевме со 24:21, а веќе во следниот напад, Стојановски погоди за три. Доволно за да ја вратиме предноста на солидни (27:21), како што беше резултатот по 15 минути од играта во „Палатата на спортовите“.

Серијата ја продолжи Мекиќ, со неговиот осми поен, за наши највисоки 28:21. Имавме и уште поголеми 31:23, пред Пустови да забие за 31:25, а селекторот Бајиќ на 02:15 минути пред истекот на полувремето, побара тајм-аут. Украина намали на (30:32), но Робев ја одбрани нашата предност, погоди доста тежок шут за (34:30) како што беше на истекот на 20 минути.

Двете тројки, и промената на водството, го натераа селекторот на нашата репрезентација на уште една минута одмор. Со серија (11:3), за нецели четири минути игра во продолжението, Украина поведе со (41:37). Уште еден добар потег на Мекиќ ни донесе израмнување (41:41). Потоа губевме и со највисоки 44:49, пред најискусниот во нашата селекција, Стојановски да постигне уште една тројка да намали на 47:49.

украина македонија 2
Украина направи пресврт во второто полувреме за прв триумф во квалификациите за Светскиот куп/Фото: kfsm.mk

На стартот од последната четвртина имавме само негатива од 52:50 и наместо да се одржи мечот во неизвесност, нападот едноставно како да не функционираше, ривалот направија голема серија од 17:4 што беше клучно за конечниот епилог. Украинците поведоа со 61:52, како што одминуваа минутите, така паѓаше и концентрацијата на нашата одбрана, а згора на тоа противникот го покачи процентот на реализација, особено во шутот за три поени. Доволно да има уште поголема позитива (67:54) на 03:30 минути пред истекот на последните секунди.

Во листата на стрелците за Македонија Бојан Крстевски беше прв стрелец со 15 поени, а на спротивната страна Артем Пустови реализираше 18 поени. Следниот меч нашите најдобри кошаркари ќе го имаат на 24 февруари во Тбилиси против Грузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот