Кузмиќ успешно опериран

Кошаркарот на Црвена звезда, Огњен Кузмиќ е успешно опериран, откако пред три дена доживеа тешка сообраќајна несреќа во Република Српска. Хируршкиот зафат беше изведен за да се санираат фацијалните повреди, операцијата на горната и долната вилица била успешна, по што Кузмиќ повторно ќе може нормално да дише.

„КК Црвена Звезда известува дека оперативниот зафат на кој беше подложен Кузмиќ е успешен. Со операцијата се отстранети тешки максилофацијални повреди кои Огнен ги заработи во тешката сообраќајна несреќа во неделата наутро. Операцијата беше неопходна, за долната вилица и останатите повреди на лицето да се вратат во анатомска позиција, со што е овозможено Огнен повторно нормално да дише. Состојбата на Огњен Кузмиќ е стабилна и се наоѓа во вештачка кома“, стои во соопштението на Црвена Звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот