Кузмиќ: Благодарам на сите што ми дадоа сила

фото: интаграм

Кошаркарот на Црвена Звезда и на српската репрезентација, Огњен Кузмиќ кој пред десетина имаше тешка сообраќајна несреќа и се наоѓаше во вештачка кома, успешно закрепнува од повредите. Тој денеска за прв пат и се обрати на јавноста за да се заблагодари за грижата која  ја покажаа.

– Сакам да ви се благодарам од срце на сите кои се грижевте за мене. За сега грижа, која ја искажаа откако ја доживеав тешката сообраќајка. Пред се на првиот човек на Ц. Звезда, Небојша Човиќ, потоа на министерот за здравство, на сите лекари, медицински сестри и останат персонал. Благодарност до сите мои соиграчи, бивши и сегашни, на навивачите кои ми праќаа пораки за поддршка. Благодарам за сите луѓе што ми дадоа сила. На мене сега е да закрепнам потполно и да ги слушам лекарите – изјави Кузмиќ по средбата со претседателот на Црвена звезда, Небојша Човиќ.

фото: инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот