Кузмановски: Штета, можевме да ги победиме Словенците…

Филип Кузмановски / фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Во отсуство на Кирил Лазаров кој поради повреда нема да може да игра на ЕП, се очекува еден од лидерите да биде Филип Кузмановски кој во поразот од Словенија во првото коло од 25:27 постигна пет гола.
За Кузмановски поразот од Словенија делува помалкуфрустрирачки, бидејќи имавме шанси да победиме но не ги искористивме и тоа поради сопствените грешки.

– Искрено немам коментар по еден ваков натпревар, сè уште сум под еуфорија. Навистина верував дека можеме да ја победиме Словенија, докажавме, само да не ги направевме тие технички грешки. Знаеме дека Лазаров ни фали и тоа беше голем хендикеп, но навистина се боревме. Сепак самите сме си виновни што загубивме. Но, главата горе, имаме уште два натпревари. Да ги поправиме техничките грешки, да одиграме поборбено и мислам дека сме многу добра репрезентација, млада екипа, трчаме 60 минути напред, назад. Видовме и самите дека можеме да играме и ние помладите, таа генерација што цело време се спомнува само… Не знам искрено денеска што фалеше. Треба да го анализираме натпреварот, па да коментираме. Нема простор за разочарување, имаме следен натпревар и одиме напред – вели Кузмановски.

Македонија со пораз го започна настапот на ЕП, неискуството ги „спаси“ Словенците

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот