Кузмановски прв стрелец против поранешниот европски шампион

фото: die-recken.de

Хановер-Бургдорф во подготовките за новата сезона во пријателски натпревар го совлада Хамбург со конечен резултат 42:27.

Тоа беше првиот меч за Хановер после пет месеци пауза поради пандемијата на коронавирус, а на дебито за овој клуб блескаше Филип Кузмановски (24).

Прв стрелец во победата беше токму македонскиот репрезентативец со седум голови, колку што имаше и неговиот тимски колега Винсент Бухнер.

Минатата сезона нашиот бек ги бранеше боите на Магдебург, а после овој триумф со уште поголеми амбиции ја темпира формата за новата бундеслигашка сезона.

Хановер кој лани го освои четвртото место во најсилното германско првенство е предводен од шпанскиот тренер Антонио Карлос Ортега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот