Кузмановски потпиша за бундеслигашот Хановер (ФОТО)

фото: твитер

Договорот на нашиот репрезентативен бек со новиот клуб е потпишан до лето 2023. година.

Поранешниот член на Металург и Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски одлучи да го напушти Магдебург, но ќе остане во најсилната германска ракометна лига.

Нова шанса за можеби уште поголема минутажа македонскиот репрезентативец ќе бара во исто така амбициозниот Хановер-Бургдорф.

Договорот на нашиот репрезентативен бек со новиот клуб е потпишан до лето 2023. година.

– Убеден сум дека Филип ќе успее да се прилагоди на нашиот систем – рече тренерот на Хановер, Антонио Карлос Ортега.

Моментно Магдебург е на третото место во Бундес лигата со 39 бодови, додека Хановер-Бургдорф е четвртопласиран со 36.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот