Фантастично деби, Кузмановски му донесе триумф на Магдебург (ВИДЕО) – Слободен печат
РакометСпорт

Фантастично деби, Кузмановски му донесе триумф на Магдебург (ВИДЕО)

Македонскиот репрентативец од летово има нов клуб, Филип Кузмановски од следната сезона ќе ги брани боите на бундеслигашкиот клуб Магдебург.

Кузмановски досега настапуваше за Еурофарм Работник, Металург и Пелистер, а дефинитивно Магдебург ќе биде голем и важен чекор за неговиот развој како професионален ракометар.

Бекот започна да игра за својот нов тим, како подготовка за новата сезона во меч 2×20 минути, Магдебург со 14:13 (7:6) славеше победа над Лајпциг.

Токму нашиот играч е најзаслужниот за триумфот, тој на две секунди до крајот на мечот го постигна победничкиот погодок.

На видеото можете да ги погледнете неговите први два гола на дебито за Магдебург, првиот и оној победничкиот во финишот.

Заедно со Даниел Петерсон, Ерик Шмид, Тим Хорнке и Лукас Мертенс двапати се запиша во листата на стрелците, а најпрецизен беше Филип Вебер со шест погодоци.

Магдебург  според најавите ќе одигра пријателски дуели уште против Хутенберг на 23 јули, два дена подоцна со данскиот ГОГ Свендборг, на 30 јули со чешкиот Плзењ, а на 7 август со словенечкиот Целје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close