Кузмановски го враќа Хановер на победничките патеки во Бундеслигата

кузмановски
Филип Кузмановски покажува добри партии во дресот на Хановер-Бургдорф/Фото: facebook.com/DIERECKEN

Денеска на домашен терен во 14 коло од ракометната германска лига екипата на Хановер-Бургдорф миниманл со 22:21 беше подобар од Либек.

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски продолжува со добрите игри сезонава. Потсетување дека нашиот играч во минатото коло запиша шест погодоци во гостинската победа над Лемго.

Сега во петтиот триумф (втор по ред) за неговата екипа беше втор стрелец со четири голови. Поефикасен од него беше само Данецот Јохан Хансен со седум голови.

На спротивната страна седум погодоци беа дело на Л. Хејни, а четири запиша Б. Петреикис.

На табелаѕа Хановер-Бургдорф е на 13 позиција со 10 бодови и во следното коло ќе игра против Магдебург кој не знае досега за пораз во првенството.

Видео на денот