Кузмановски: Финците ни правеа проблеми, но имаме квалитет и одиме на победа!

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Најдобрата македонска репрезентација се подготвува за последните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство против Финска и Швајцарија.

Против Финците ќе играме за два дена на 28 април во Рихимаки каде што треба да се потврди учеството на континенталниот собир, а против Швајцарците се соочуваме на 2 мај со почеток од 18.00 часот во Спортскиот Центар „Јане Сандански“ – Скопје.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се надеваат на нови успешни и резултати во овој квалификациски циклус:

– За нас во брз период доаѓаат овие два натпревари, навистина имавме многу клупски обврски поради коронавирусот, уморни сме, но ние одиме на победи против Финска на гости и дома против Швајцарија. Поквалитетни сме, тоа го покажавме во првите мечеви со нив. Сакаме да покажаме, имаме квалитет, доаѓаат нови млади играчи кои сакаат да се докажуваат. Против секоја селекција може да се игра, против Данците покажавме квалитетен натпревар, париравме и ги победивме кои претходно ја освоија светската титула. Имаме самодоверба после тој меч, видовме, знаеме дека можеме да играме, иако убедливо загубивме на нивни терен, добрите работи ќе ги одвоиме од Данска и тоа ќе го покажеме на следните два дуели.

Финците играат скандинавска одбрана, победивме убедливо во Скопје, но ни правеа проблеми, и затоа треба во иднина да пробуваме да ги решаваме таквите ситуации, затоа што ќе дојде таква одбрана на европските и светските шампионати, и треба да се најде решение за тоа – изјави македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот