Кузеска: Позитивно е што Мицкоски се откажува од бојкот на пописот

Пописот на населението што ќе се одржи напролет ќе обезбеди целосни, точни и релевантни податоци, кои се основа за градење на стратегии и политики и за натамошен развој на државата, економијата и општеството. По речиси две децении без попис, во државата има недостиг од квалитетни статистички податоци, не само за вкупниот број на населението, туку и за точниот бројот на жители во секој регион, општина, како и за нивните карактеристики. Со пописот како независна статистичка операција ќе се соберат релевантни географски, демографски, економски, образовни, етничко-културолошки, миграциони и други суштински податоци. Преку пописот ќе добиеме целосни и детални информации во однос на тоа каква е образованата структура на населението, просечната возраст на граѓаните, населеноста на регионите и општините. Ќе добиеме јасна престава за структурата на постоечките индустриски капацитети, но и податоци за потенцијалите за иден развој на општините.

Државниот завод за статистика ги има сите капацитети и е подготвен да одржи попис согласно стандардите и праксите на Обединетите Нации и Евростат. Истовремено, законското решение гарантира дека пописот ќе се спроведе исклучиво како статистичка операција која никогаш повеќе нема да се третира како политичко прашање.

Затоа, позитивен сигнал е најавата на Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година.

Очекуваме разумот да преовладее кај сите и по цели 19 години Република Северна Македонија да спроведе попис без мешање на политиката, согласно меѓународните стандарди.

Секоја политичка партија, секој граѓанин поединец, има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите со кои институциите добиваат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, а тоа е возможно само со спроведен попис по сите меѓународни стандарди.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот