Кузеска: Новата Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, во полн четиригодишен мандат ќе испорача резултати пред граѓаните (ВИДЕО)

Во следните 4 години ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро, велат од СДСМ по вчерашниот договор за нова влада кој го постигнаа со ДУИ. Оттаму велат дека борбата со коронавирусот ќе остане врвен приоритет на јавното здравство, а ги повторуваат и принципите врз кои е донесена одлуката за коалиција, а кои вчера ги вети и мандатарот Заев.

-Меѓу коалиционите партнери, постои сериозна посветеност приоритетно да ги спроведуваме сите реформи во однос на нашето членство во Европската Унија. Пржинскиот модел на техничка влада 100 дена пред избори, ќе биде укината преку измени во Законот за Влада. Активно ќе работиме на реализација на моделите за намалување на обемот на администрацијата за 20%, со цел граѓаните да добијат поквалитетни, подобри и побрзи услуги. Овие заемно прифатливи принципи стануваат дел од новата владина програма, програма која целосно ќе го следи патот исцртан со членството во НАТО, патот определен со Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Тоа е европскиот пат, патот на економијата, правдата и еднаквост- рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богдана Кузеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот