Кутињо задоволен од дебито и воодушевен од еден соиграч

Баерн Минхен релативно лесно со 3:0 го совлада Шалке во второто коло од Бундес лигата. Баварците до победата пред 60.000 гледачи на „Велтинс Арена“ во Гелзенкирхен ја донесе Роберт Левандовски кој ги постигна сите три гола, а деби во дресот на Баерн имаше и Фелипе Кутињо. Бразилецот е воодушевен од својот соиграч.

– Роберт е неверојатен. Тука сум неколку дена, го гледав на тренинзите, и изгледа подобро на теренот отколку пред ТВ екраните – вели Кутињо.

Бразилецот влезе во игра во 57. минута на местото на Томас Милер и е задоволен од прикажаната игра во деби настапот за Баерн.

– Презадоволен сум од моето деби. Успеавме да победиме. Првите впечатоци се многу добри,  Баерн е огромен клуб. Играта беше многу интензивна. Овде сум само три, четири дена и дефинитивно треба да се подобрам – рече Кутињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот