Кутињо следната сезона ќе игра во Бундес лигата

EPA-EFE/MARTA PEREZ

Германскиот шампион Баерн Минхен денеска може да добие две големи засилувања со кои повторно ќе стане еден од главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите.

Потписот за едногодишна позајмица со Перишиќ е завршена работа откако Хрватот ги помина лекарските прегледи, а неколку часови подоцна шпанскиот новинар Бруно Андраде, објави сензација. Според Андраде, Фелипе Кутињо во наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.

Новинарот објави дека претставниците на двете екипи се договориле за едногодишна позајмица, а Баерн нема да плати никакво обесштетување, туку ќе ја преземе платата на Кутињо која изнесува 11 милиони евра. Баварците исто така ќе можат на крајот од сезоната да го откупат договорот на Кутињо со Барселона.

Единствен проблем за реализација на позајмицата претставува желбата на ПСЖ во евентуалниот трансфер на Нејмар во Барселона да биде вклучен токму и Кутињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот