Кутињо се прероди во Баерн – Слободен печат
СпортФудбал

Кутињо се прероди во Баерн

Бразилецот ова лето од Барселона премина во германскиот шампион на едногодишна позајмица.

Фелипе Кутињо во летниот преоден рок одлучи да ја напушти Барселона и да замине на едногодишна позајмица во редовите на Баерн Минхен кои ќе имаат можност идната година да го откупат неговиот договор.

Бразилецот веќе дебитираше за новиот клуб и на дебито покажа дека сè уште не е во вистинската форма која му донесе трансфер од Ливерпул во Барселона. Меѓутоа, забележливо е деја повторно се врати насмевката на неговото лице, што не беше случај во минатата сезона додека го носеше дресот на Барселона. Неговите соиграчи се воодушевени од неговите фудбалски квалитети и се убедени дека тој ќе биде огромно засилување за тимот во борбата за трофеите.

– Тој е мал волшебник со топката. Навистина е добар човек и тоа веднаш се приметува. Исто така е одличен фудбалер и тоа што го прави на тренинзите е неверојатно. Се уште не е 100 проценти подготовен но сите знаеме дека Фелипе ќе биде големо засилување за нас. Тој по доаѓањето во Баерн се прероди – вели Бенјамин Павар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close