Кутињо оди на позајмица – Слободен печат
СпортФудбал

Кутињо оди на позајмица

Фелипе Кутињо ја напушта Барселона по една и пол година.

Бразилецот Фелипе Кутињо кој се смета за едно од најскапите промашувања на Барселона, во наредните неколку часови се очекува и официјално да го напушти шпанскиот шампион. Според шпанските медиуми, негов нов клуб ќе биде германскиот шампион Баерн Минхен.

Баварците успеаја да се договорат со фудбалерот, а од порано е постигнат договор со Барселона за двегодишна позајмица. Баерн се согласи да му ја плаќа платата на Кутињо во целост, 11 милиони евра.

Фелипе Кутињо за една и пол година престој во Барселона одигра 75 натпреварти на кои постигна 21 гол, што е премалку за засилување вредно 145 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close