Кутињо наредната сезона повторно во Премиер лигата?

фото:твитер

Баерн ќе ја има опцијата за откуп на договорот на Кутињо по истекот на сезоната, но за неговите услуги ќе има уште заинтересирани. Наводно за Кутињо заинтересиран е и Тотенхем, кој од клупата го води аргентинскиот стручњак Маурицио Покетино.

Како што пишува „Сан“, Тотенхем веќе во минатото покажа интерес за Кутињо, а сега Бразилецот повторно се наоѓа на „радарот“ на лондонскиот клуб.

Инаку, Полетино многу добро го познава Кутињо со оглед дека со него соработуваше во Еспањол. Бразилецот во Еспањол помина една сезона како позајмен играч од Интер.

Иако Тотенхем сакаше уште минатото лето да го ангажира, но Баерн беше побрз и не успеа намерата на премиерлигашот. Кутињо во таа сезона со Еспањол, под раководство на Покетино, одигра вкупно 16 натпревари и пет голови.

Најдобрите партии ги имаше во Англија, во дресот на Ливерпул (152 мечеви, 41 погодок) пред да се пресели во Барса. Со клубот од „Енфилд“ беше финалист во Лига купот на Англија и Лига Европа во сезоната 2015/16.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот