Кутињо ја напушта Барселона, оди на позајмица

EPA-EFE/NEIL HALL

Барселона потроши 140 милиони евра плус бонуси за ангажман на Фелипе Кутињо од Ливерпул и очекуваше Бразилецот да биде еден од носителите на играта, заедно со Лионел Меси. Но, Кутињо во изминатите 18 месеци, воопшто не ги оправда вложените средства, тој почесто седеше на клупата отколку што играше, а навивачите кон крајот на сезоната, го загубија трпението и почнаа секој негов контакт со топката да го испраќаат со свирежи.

Токму затоа, управата на Барселона одлучи во текот на летниот преоден рок да се ослободи од Бразилецот и е подготвена да го даде на „попуст“, за него ќе бара околу 100 милиони евра.

Најзаинтересиран за услугите на Фелипе Кутињо е францускиот шампион ПСЖ, кој планира по веќе видено сценарио да дојде до неговиот потпис. Поради ограничувањата од финансискиот фер плеј, тие ова лето нема да можат да го купат Кутињо, и планираат да го добијат на позајмица со клаузула, идната година да се обврзат да го откупат договорот.

Истото сценарио ПСЖ го направи со Килијан Мбапе, пред две години го доведоа на позајмица, а минатото лето го откупија неговиот договор со Монако.
Во ПСЖ се надеваат дека со ангажирањето на Кутињо, ќе успеат да го задржат Нејмар во тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот