Куртоа: Во Англија не ме почитуваа доволно

Тибо Куртоа е херојот на Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Тибо Куртоа е вистинскиот херој на Реал Мадрид во финалето на ЛШ што се играше на стадионот „Франција“, Белгиецот ја спушти „ролетната“ на голот, им одбрани девет шута на играчите на Ливерпул и стави свој печат во 14 европска титула на својот тим.

Куртоа по натпреварот изјави дека имал посебен мотив во вечершното финале.

– Во Англија не бев доволно респектиран. Така да се покажав вечерва. Сакав да се почитува моето име – рече Куртоа по натпреварот.

Тибо Куртоа во Челси пристигна во 2011 година, а за Реал Мадрид потпиша во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот