Куртоа јавно критикува: УЕФА мисли само на парите, не се грижат за фудбалерите

фото: EPA-EFE/Dmitry Lovetsky

Белгија го освои четвртото место во второто издание од УЕФА Лигата на нации после поразите од Франција и Италија.

Како што е познато, европската куќа на фудбалот го промени системот на пријателски натпревари со ново натпреварување, што значи сè повеќе поважни натпревари, но тоа не му се допаѓа на белгискиот голман Тибо Куртоа.

Фудбалерот на Реал Мадрид по натпреварот со Италијанците за третото место испрати доста критики и ги обвини челниците на УЕФА дека се грижат само за парите.

– Мора да бидеме искрени, ова се игра поради пари. Играме премногу натпревари, играчите можат да се повредат, но никој не се грижи за тоа. Имаме само три недели одмор доколку играме на високо ниво. Тие (УЕФА) не се грижат за играчите, важен им е само нивниот џеб. Сега сакаат да играме светски првенства на секои две години, а сè поголем број врвни играчи се повредуваат. Ние не сме роботи – рече Куртоа.

Ретко кој од играчите на највисоко ниво се изјаснил поради овој голем проблем, јасно е дека парите се главниот мотив, но здравјето нема цена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот