Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2026 година

Фото: EPA-EFE/Stuart Frankling

Денеска официјално од „кралскиот“ клуб е соопштено дека е продолжена соработката со голманот на екипата, Тибо Куртоа.

Белгискиот чувар на мрежата одлучи да го продолжи договорот со Реал Мадрид кој ќе трае до 30 јуни 2026 година.

Куртоа го облече дресот на Реал во 2018 година, пред да се пресели на „Сантјаго Бернабеу“ беше дел уште од Генк, Челси и Атлетико Мадрид.

Иако во првата сезона во редовите на шпанскиот гигант можеби и не ги исполни сите очекувања, брзо се промовираше во еден од главните и клучни играчи на екипата.

Во саботата го одигра целиот меч во првата победа на Реал во „Ла Лига“, на гостувањето кај Алавес (1:4).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот