ПО РЕАКЦИЈАТА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“: Зголемена социјалната помош на скопјанецот Куртиши, самохран татко на три деца (ВИДЕО)

Скопјанецот Фати Куртиши доживува социјална неправда. Тој и неговите три малолетни деца живеат во сиромаштија, немаат основни средства за егзистенција, а од државата добиваат социјална помош од само 5.200 денари месечно.

Куртиши е самохран татко, кој веќе подолго време е невработен, но според МТСП не ги исполнува условите за зголемување на паричниот надоместок по основ на социјална помош.

Неговата борба за егзистенција започнува кога во март 2017 години, добива старателство над децата кои сега се на воздраст од 12, 9 и 5 години.

Децата на Куртиши се оставени да живеат со 13 денари на ден, откако Министерството за труд и социјална политика одлучило дека нив по Закон им следуваат 400 денари месечно, додека нивниот татко добива 4.000 денари месечна социјална помош.

Откако Фати ја посети редакцијата на „Слободен печат“ и решението за неговата финансиската криза го виде во нашата поддршка, стапивме во контакт со Центарот за социјални работи на Град Скопје, при што ја посочивме направената неправда во случајот на одредување на висината на социјалната помош. Од таму добивме информација дека при следната исплата на социјална помош, ретроактивно ќе му биде исплатен детскиот додаток од мај до јули, во висина од 1.900 денари месечно за трите деца. Од септември ќе му бидат исплатени и дополнителни 1.400 денари образовен додаток за двете деца кои посетуваат настава, со што од сегашните 5.200 денари, висината на социјалната помош ќе се зголеми на 8.500 денари. Покрај тоа, на сметката на Фати Куртиши од септември ќе стигнуваат и 1.000 денари за електрична енергија.

Во продолжение слушнете ја приказната на Фати Куртиши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот