Курти зборува за нови избори, иако тоа не му е цел

Претседател за Самоопределување и кандидат за партија за премиер на Косово, Албин Курти, рече дека доколку не се постигне договор за коалиција со Демократскиот сојуз на Косово, ќе се одржат нови избори.

Во интервју за косовската радио телевизија, тој рече дека на Самоопределување му одговараат нови избори затоа што по победата на предвремените парламентарни избори, има уште поголема поддршка. Сепак, тој рече дека тоа не е целта на Самоопределување.

„Јас се водам од општиот интерес, државниот интерес, а тоа значи ПС и ДСК да формираат Влада што е можно поскоро“, рече тој.

Курти вели дека на средбите со лидерот на ДСК Исо Мустафа не се разговарало за улогата на претседателот и конкретни имиња, но се разговарало за стратегијата за предвремен избор на претседател на Косово.

Курти рече дека е најважно да се пополнат местата на премиерот, претседателот на парламентот и 12 министри, а потоа да се разговара за претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот