Курти откако Вучиќ го нарече „терористичко ѓубре”: Не можам да зборувам за нивото на едукација

Фото: Архива на „Слободен печат“

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека последните именувања на Срби за членови на неговата Влада, на кои се противат најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) и официјален Белград, ги извршил согласно одредбите на Уставот на Косово со кои се регулираат малцинските права.

Одговарајќи на новинарско прашање за вчерашната изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој поради последните именувања го нарече „терористички олош”, Курти рече дека тој не може да зборува „за нивото на едукација на државниот челник на северниот сосед”.

„Јас можам да зборувам за ставовите и идеите, за меѓусебните согласувања и несогласувања, но не можам да зборувам за нивото на едукација на државниот челник на нашиот северен сосед. Што се однесува до правата на малцинствата во Косово, тие се регулирани со посебно поглавје во Уставот на Косово во вкупно 6 членови… и верувам дека тие што се незадоволни од Уставот треба да изнесат докази и да аргументираат за да кажат што не е во ред и што не е доволно“, рече Курти.

По оставките на членовите на СЛ, на почетокот на ноември, од Владата и од Собранието на Косово, Курти завчера го именува претседателот на Демократската прогресивна партија, Ненад Рашиќ за нов министер за заедници и враќање, а потпретседателката на истата партија, Рада Трајковиќ за советничка на премиерот.

И Вучиќ, но и претходно премиерката Ана Брнабиќ, ја нарече „срамна“ реакцијата на ЕУ за именувањето на Рашиќ и нагласи дека поради ова српската делегација нема да учествува на самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана.

„Никој од Србија нема да биде во Тирана на 6 декември, а вие доаѓајте убаво, земајте дневници, патувајте како сакате, сите вие од Европа, сите вие од Западен Балкан, оговарајте за тоа како Србија е виновна за нешто, рече Вучиќ.На одлуката на косовскиот премиер остро се спротивставија СЛ и властите во Белград, оценувајќи дека постапил спотивно на Уставот на Косово. Вучиќ, пак, освен што го нарече Курти „терористички олош”, и за Рашиќ и Трајковиќ рече дека се „најлош српски олош”

„Терористичко ѓубре“: Вучиќ гневен на Курти по назначувањето на Рашиќ за косовски министер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот