Курти за Макрон: Европа е многу важна, не може да ја води еден човек

“Европската Унија е формирана како одговор на фашизмот, но сега таа е исплашена од лицето на популизмот и фашизмот“, вели Албин Курти, победникот на последните предвремени парламентарни избори во Косово во интервју за британскиот „The Guardian“, во врска со одлуката на ЕУ да не ги отвори преговорите со Албанија и Северна Македонија.

Курти истакна дека оваа одлука ги намалува шансите за постигнување договор меѓу Косово и Србија.

Критикувајќи го претседателот на Франција, Емануел Макрон, Курти рече: „Не можете да кажете дека прво се потребни внатрешни реформи во ЕУ, а потоа процесот на проширувањето – тие одат паралелно. Европа е толку битен историски проект што ниту една личност не може да биде нејзин автор или водач. Видовме кога Жан-Клод Јункер рече дека нема да има проширување во наредните пет години, ситуацијата на Балканот се влоши.

Тој исто така изјави дека ЕУ и Балканот се важни едни за други, а Париз и Берлин треба добро да го знаат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот