Курти за гласањето на недоверба на неговата влада: Тоа беше порака од Гренел

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Премиерот на Косово во должност, Албин Курти реагираше прв пат по гласањето на недоверба на неговата влада доцна синоќа.

Курти пишува дека падот на неговата влада е порака од амбасадорот Ричард Гренел дека во косовското собрание има 80 пратеници кои се подготвени да ги жртвуваат здравјето на граѓаните за да се реализира планот за размена на територии.

– Вчерашниот состанок на собранието ќе беше добро долго да се запамти. Но, нема да се случи такво нешто, бидејќи ние ќе победиме. Значи, иднината е наша, додека ќе изгубиме една трагедија. Целта на недовербата не беше падот на ова власт туку нејзино слабеење. Додека значењето на недовербата е порака од амбасадорот Гренел: во Косово има над 80 пратеници кои се подготвени да го ризикуваат и животот на граѓаните само да помине претседателската размена. Ние ќе продолжиме како влада во должност. Ние сме влада со задачи, а не принудена влада. Пред се, треба заедно да се бориме против пандемијата Ковид-19. Над се, да бидеме блиску до народот бидејќи Косово е нашиот дом, напиша Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот