Курти за „Фајненшл тајмс“: Косово е поробено од внатре

Косово е „поробено од внатре“ поради корупцијата, вели косовскиот премиер Албин Курти за „Фајненшл тајмс“ и тврди дека е подготвен да го „остави настрана барањето за обединување со Албанија за зајакнување на економијата“.

Подигнување на косовската држава е поважен приоритет за него отколку припојувањето со Албанија.

Албин Курти фрлал солзавец во Парламентот, бил со години во затвор и го исмевал знамето и националната химна на неговата млада држава- Косово. Денес, по повеќе од 22 години борба против системот, тој се подготвува да преземе контрола над него, пишува „Фајненшл тајмс“.

-Курти наскоро ќе стане премиер на Косово, по победата на неговата партија Самоопределување минатиот месец на изборите, со што заврши периодот на политичка доминација од поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), од кои многумина се обвинети за воени злосторства и корупција- пренесува весникот.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Курти вели дека неговата победа била „изборна револуција“ за Косово, која единаесет години по прогласувањето независност од Србија – и понатаму е една од најсиромашните во Европа.

Неговата партија, која се бори против естаблишментот, има намера да го искористи својот прв мандат во парламентот за да го истакне економскиот развој и борбата против корупцијата.

-Докажавме дека има огромен демократски потенцијал на Косово. Секако дека ќе има предизвици … Предизвикот е шанса- вели Курти.

Овие предизвици вклучуваат проблематични меѓународни односи, при што Србија води кампања за да ги придобие државите кои ја признале Косово за независна држава и да го блокираат членството на Косово во меѓународни организации, како Интерпол и Советот на Европа.

Во меѓувреме, амбициите на Косово за членство во ЕУ ги блокираат пет членки, кои не го признаваат.

Албин Курти, избраниот премиер на партијата Самоопределување, странските дипломати долго време го сметале како опасност за регионалната стабилност.

Партијата го повика Косово да се обедини со соседна Албанија. Сепак, Курти смета дека градењето косовска држава е поважен приоритет отколку да се работи за обединување со Албанија.

– Прво треба да се застанеме на нозе. Нашата држава е многу слаба, а причината е внатрешното заробеништво по ослободувањето од Србија- вели тој.

Земјата беше „поробена од внатре“, додава Курти, истакнувајќи дека коалицијата со централно-десничарската партија на Демократската лига на Косово (ЛДК) ќе помогне во подобрување на животниот стандард и да ја запре емиграцијата со подобрување на судството и создавање на работни места.

Агон Малиќи, независен аналитичар, вели дека Курти е „вистинскиот човек во вистинско време“ за гласачите, на кои им здодела повоената владејачка елита.

Долгокосиот Курти бил водач на студентските протести против режимот на Слободан Милошевиќ во 1997 година, а кога Косово се отцепи, тој помогал на политичкото крило на ОВК, со цел да привлече внимание кон себеси во медиумите, но не се борел, ниту учествувал во мировните преговори, пренесува „Фајненшл тајмс“.

-Режимот на Милошевиќ го уапси кога НАТО ги бомбардираше српските сили во 1999 година, принудувајќи ги да се повлечат. По војната, Косово стана протекторат на ОН, чии институции беа под контрола на странски „специјални претставници“ до 2012 година, а судовите биле управувани од обвинители и судии од ЕУ до 2015 година, се наведува во весникот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот