Курти за апсењето на Арсенијевиќ: Кој има забелешки нека се жали до инспекторатот
Косовскиот премиер Албин Курти не сакал да го коментира апсењето на претседателот на српската демократија Александар Арсенијевиќ во Северна Митровица само затоа што го исвиркал за време на неговиот престој во Северна Митровица во вторникот, пишува „Албанска пошта“.
Кој има забелешки до косовската полиција, таму е косовскиот полициски инспекторат, јас не можам да ги сменам овие две институции, немам ниту право ниту желба да ги сменам“, рече Курти во кратката изјава за медиумите, пренесува Косово онлајн.
Тој одби да одговори на прашањето дали за тој случај ќе побара пријава од косовската полиција.
Арсенијевиќ беше приведен поради свирежот во време кога премиерот на Косово Албин Курти беше во Северна Митровица придружуван од голем број припадници на косовската полиција, заедно со министрите за внатрешни работи и локална самоуправа Џељаља Свечља и Аљберт Красниќи.
Арсенијевиќ и неговиот потпретседател Иван Орловиќ, кои беа уапсени утрово, беа ослободени попладнето.
Ослободени двајца Срби уапсени на Косово: Со казна за „нарушување јавен ред и мир“