Курти: Владата со која раководев беше независна, новата влада ќе зависи од Српската листа

Албин Курти, премиер на Косово

Вршителот на должност премиер на Косово Албин Курти изјави дека напорите кои се вложуваат да се формира влада без вклучување на победникот од последните избори, движењето„Самоопределување“, се директно насочени против него.

Според Курти,  дали и кога ќе биде фомрирана  новата косовската влада ќе зависи единствено од желбите на Српската листа.

Коментирајки го барањето на претседателот Хашим Тачи, второ рангираната партија на Иса Мустафа да го назначи името на новиот мандатор, Курти најави дека одлуката ќе биде неуставна и дека ќе се обрати пред Уставниот суд.

Курти смета дека барањата на косовскиот престедател за формирање нова влада се директно кршење на Уставот и пресудите на Уставниот суд донесени во 2014 година

„ Во 2014 година сметав,дека парламентарното мнозинство се создава во Собранието, но постоеше пресуда од Уставниот суд кој мнозинството го дефинираше како апсолутно мнозинство, а не како релативно мнозинство, да  победникот на изборите го сочинува релативното мнозинство. Тогаш ја критикувавме оваа одлука но ја прифативме. Сега кога ние сме победници од последните избори, тие не принудуваат да се вратиме на одлуките од 2014 година. Ни прават двојна неправда“, изјави Курти.

Тој смета дека формирањето на  новата косовска влада ќе зависи исклучиво од подршката на Српската листа, додавајки дека , Косово од независна, наскоро ќе добие целосно зависна влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот