Курти: Важно е да се знае дали Борел ќе се повлече од политиката на Могерини

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, кој е претендент за нов премиер на Косово, рече дека очекува новиот комесар на ЕУ за надворешна политика Жозеф Борел да се дистанцира од политиката на Федерика Могерини, која „посредуваше во тајните разговори меѓу Александар Вучиќ и Хашим Тачи за размена на територии”.

Во интервју за порталот Нова перспектива, Курти рече дека политиката на Могерини покренала многу прашања во процесот на дијалогот Белград-Приштина, за кои рече дека сега треба да се затворат.

Според Курти, Могерини посредувала во тајните разговори помеѓу српскиот и косовскиот претседател за размена на територии.

– Сакам да видам дали Борел ќе се повлече од политиката на Могерини. Важно е да се знае тоа, рече Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот