Курти в понеделник ќе се сретне со Мицкоски во Скопје, тврдат косовски медиуми

Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер, Албин Курти в понеделник, на 5 август, ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне сопремиеротХристијан Мицкоски, пренесува приштинскиот портал „Газета експрес“.

Неименувани извори на порталот од владејачките структури во Скопје тврдат дека средбата на премиерите на Северна Македонија и Косово ќе се одржи задутре во 10 часот, а на неа ќе присуствуваат и членови на македонската Влада од редовите на колицијата „Вреди“.

Како што пренесува МИА, во косовската делегација која ќе го придружува Курти за време на престојот во Скопје ќе биде и вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала.

Приштинскиот медиум напоменува дека посетата на Курти на Скопје се случува во време кога Косово упати протестна нота до Северна Македонија поради инцидентот што се случи на Скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи, кога, според официјална Приштина, аеродромската полиција побарала од неа да ја предаде личната ташна и мобилниот телефон за скенирање, по што дошло до судир меѓу обезбедувањето на косовската претседателка и членови на аеродромското обезбедување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот