Курти: Убеден сум дека има договор помеѓу Тачи и Вучиќ

Фото: МИА

Премиерот на Косово, Албин Курти, на денешната вонредна седница на косовското собрание изјави дека таксата од 100 отсто за српските продукти треба да се укине постепено и да се замени со реципроцитет.

Тој изјави дека е убеден оти има таен договор помеѓу претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Седницата се одржа по барање на косовската опозиција која обвинува за нарушување на односите со САД. Курти изјави дека укинувањето на таксите без реципроцитет е екстремна позиција.

– Јас мислам дека ова е нормална опција, односно заменување на таксата со реципроцитет. Оваа замена треба да биде постепена – изјави Курти.

Курти изјави дека е уверен оти има договор помеѓу Тачи и Вучиќ.

– Јас сум уверен дека меѓу двајцата претседатели има договор. Тачи во име на Косово и на тајни преговори направил договор и истиот го сервира пред јавноста. Не за да започне дијалог, туку за да се затвори секоја можност за истиот – истакна Курти.

Курти испрати порака и до владиниот партнер, Демократскиот Сојуз на Косово, кој бара да се укине таксата без ниту еден услов, и рече дека тие заедно на изборите ветувале дека таксата ќе биде замената со реципроцитет.

Курти рече дека е подготвен да оди во Вашингтон и да разговара за сите прашања.

Од друга страна претседателот на Демократската Партија на Косово, Кадри Весели, рече дека не може да верува дека по само еден месец владеење, Владата на Курти ги ризикува односите со САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот