Курти сѐ уште е оптимист дека ќе има договор за формирање влада на Косово

Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти, зборуваше за преговорите со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и за евентуалниот договор за формирање влада.

Курти за „Клан Косово“ рече дека се многу блиску до договор со ЛДК.

– На последната наша средба ни беше кажано дека генералниот Совет на ЛДК ќе донесе одлука. Не знам дали ќе има нешто ново, но е многу важно да постигнеме договор за заеднички да владееме – изјави Курти.

Според Курти, граѓаните бараат да се постигне договор и нивната желба беше изразена на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот