Курти: Српска листа не е српската заедница

Кандидатот за премиер на Косово, лидер на Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави денеска дека Српска листа (СЛ), која ги освои сите 10 српски мандати во косовското собрание на последните парламентарни избори, „не е српската заедница”, дополнувајќи дека Уставот на Косово не кажува дека во владата мора да биде човек од таа партија.

– Првиот и најважниот чекор во формирањето идна влада е коалицијата и договорот на Демократскиот сојуз на Косово и нашето движење. Свесен сум дека ако имаме 12 министерства, барем еден министер мора да биде од српската заедница, но нашиот устав не вели дека тој човек мора да биде од СЛ. Српска листа не е српската заедница – изјави Курти за Ал Џезира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот