Курти со порака до Рама: Преговори не се почнуваат со Белград
Лидерот на Самоопределување, Албин Курти, денеска повторно ја критикуваше Албанија и нејзиниот премиер Еди Рама, поради учеството на тројниот состанок во Охрид, посветен на балканскиот „мини Шенген“ и порачал дека албанскиот премиер требало да го почека формирањето на новата приштинска влада.
Курти вели дека тој проектот кој беше започнат во Нови Сад, а продолжен во Охрид, не само што е погрешен, туку дека Албанија требало да започне со Приштина, а не со Белград.
– Нови Сад и Охрид беа грешка. Не се почнува со Србија. Се почнува со договор меѓу Косово и Албанија, па се продолжува со договор меѓу Хрватска и Бугарија, а потоа со официјално Сараево, Подгорица и Скопје, па дури на крај договор со Белград – рекол Курти, а пренесува приштинската Газета Блиц.
Според зборовите на Курти, Белград треба да биде на последно место, бидејќи, како што вели, не се кае за „злосторствата напрени со Москва на чело со Путин“ во последната војна.
– Затоа сметам дека состаноците во Нови Сад и Охрид беа погрешни чекори – рекол Курти.