Курти: Сѐ уште немаме договор со Демократскиот сојуз на Косово

Курти посочи дека се подготвени за нови средби со ЛДК, како и дека се подготвени да се обидат да најдат решение за заедничко владеење.

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, преку видео порака ја информираше јавноста дека сѐ уште немаат постигнато договор со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за формирање на влада.

Имено, денеска од Движењето Самоопределување го испратија името на Курти како нивен предлог за мандатар.

Курти посочи дека се подготвени за нови средби со ЛДК, како и дека се подготвени да се обидат да најдат решение за заедничко владеење.

– Предлогот на Движењето Самоопределување како политички субјект кој ги доби изборите, сакавме да го испратиме кај претседателот после постигнувањето на договорот со ЛДК. На конститутивната седница на 26 декември отидовме без договор, и кај претседателот на 6 јануари отидовме без договор. Две недели по средбата која траеше четри минути, немаме договор. Не го прифативме предлогот на ЛДК, но сме подготвени за нови средби – изјави Курти.

Курти додаде дека верува оти разговорите повторно ќе започнат и дека во следните денови ќе има средби и со преставници на малцинствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот