Курти реизбран за лидер на Самоопределување

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Лидерот на партијата Движење самоопределување (ВВ), актуелниот косовски премиер, Албин Курти доби нов четиригодишен мандат на чело на таа владејачка партија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти ВВ, на вчерашните внатрешни избори на ВВ, како единствен кандидат, Курти доби 98 отсто од гласовите, против него гласале 0,89 отсто, додека 0,51 отсто не се изјасниле.

ВВ исто така соопшти дека за претседателка на организацијата Жените за самоопределување е избрана актуелната министерка за правда, Албулена Хаџиу, која освоила 94 отсто од гласовите, додека за претседател на младинската партиска организација, Младите за самоопределување, е избран Бехар Јашари.

-Во текот на наредните недели процесот ќе продолжи со изборот на претседателствата на центрите, а ќе заврши на крајот на месец октомври со изборот на претседателство на ВВ на конститутивната седница на Генералното собрание. На овие избори за прв пат се гласаше и за структурите на организацијата Жените за самоопределување и за Младите за самоопределување. Генералната изборна комисија констатира дека процесот помина регуларно како резултат на обемната работа која се заврши низ центрите на Движењето, се вели во соопштението на ВВ.

Курти беше лидер на ВВ од основањето на субјектот во 2005 до 2015 година, кога се повлече и кога на внатрешните избори за нов лидер беше избран Висар Имери. Во 2018 година Имери поднесе оставка, а на чело на партијата се врати Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот